Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике при гостување во една емисија отворено го нападна претседателот на клубот Жоан Лапорта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона веќе неколку сезони има големи проблеми со финансиите, тешко реализира трансфери, а се мачи и со исплатата на платите.
Пике смета дека Лапорта мора да им ја каже вистината на поддржувачите на Барселона, односно да не се создава нереална слика околу одредени топ засилувања и титули како онаа во ЛШ.
„Мислам дека навивачите мора да ја знаат вистината. Ако ова е нашата реалност, тогаш треба да го признаеме тоа. Не може да се лажеме и да повторуваме дека може да ја освоиме Лигата на шампиони, зашто очигледно немаме пари за да бидеме конкурентни. Не ги знам деталите, но мора да бидат соопштени во јавност“, истакна Пике.