Бразилецот, Алисон Бекер одлучи да го напушти тимот на Рома и својата кариера да ја продолжи во редовите на Ливерпул.
Алисон го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во минатата сезона и на изненадување на сите навивачи на Рома одлучи да ја прифати понудата од Ливерпул.
Бразилецот веќе отпатува за Англија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалерот на Рома, Диего Пероти, денес за италијанските медиуми изјави дека заминувањето на Алисон е голема загуба за Рома, Но, Аргентинецот порача клубот да продолжи без него како што тоа го направи со Мохамед Салах и Раџа Наинголан.
„Тој беше навистина важен дел од нашиот тим. Минатата сезона ни спаси навистина многу бодови. Но, тоа е фудбалот. Треба да се признае дека заминувањето на Алисон е голема загуба. Сепак, тоа го поминавме со Салах и Наинголан, а сигурен сум дека ќе продолжиме онаму каде што застанавме“, изјави Пероти.