Дома Фудбал Англија Перишиќ: Привилегија е да работите со Конте, играњето во Премиер лигата е остварување на сонот

Перишиќ: Привилегија е да работите со Конте, играњето во Премиер лигата е остварување на сонот

Хрватскиот фудбалер, Иван Перишиќ вчера и официјално беше промовиран како нов играч на Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се поврзуваше Перишиќ и со други клубови, но на крајот се реши повторно да соработува со Антонио Конте со кого претходно заедно беа во Интер.

„Навистина е привлегија да работите со тренер каков што е Конте. Во Интер со него ја освоивме лигата после 11 години пауза. Среќен сум што повторно го гледам. Конте едноставно живее за фудбал, секој момент размислува за фудбал. Многу ми се допаѓа неговиот карактер и знам дека направив добра работа со овој избро“.

„Многу сакав да дојдам во Премиер лигата и да заиграм тука, ова ми е остварување на сонот. Тотенхем во следните две години ќе биде мојот дом“, изјави Перишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победникот на Светското првенство: Потегот на Џуд Белингем би стопил и камен

Додека англиските репрезентативци по победата над Демократска Република Конго поминуваа ни…