Раководството на Реал Мадрид започна преговори за нов договор на мегаѕвездата Кристиано Роналдо, а се очекува деталите да бидат финализирани пред Светското првенство ова лето, пренесува весникот „АС“.
Генералниот директор на клубот, Хозе Анхел Санчез веќе го известил 33-годишниот Португалец за желбата на Флорентино Перез двете страни да потпишат нов договор со подобрени услови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Самиот Роналдо ги оценил позитивно напорите на Реал за нов договор, со кој платата на играчот ќе биде зголемена од 21 на 30 милиони евра по сезона и тоа ќе го приближи до платата на Нејмар во ПСЖ, која е 35 милиони.
Актуелниот договор на Кристиано Роналдо со Реал истекува во летото 2021 година, должината на новиот договор ќе остане иста, само ќе бидат ревидирани финансиските услови.