Дома Топ вести Перез „нема каде“ – формата на Роналдо причина да го добие она што го бара!

Перез „нема каде“ – формата на Роналдо причина да го добие она што го бара!

perez ronaldo

Според последните најави од Шпанија, Кристиано Роналдо со формата во која игра во последно време го принудва Реал Мадрид да му понуди нов договор, но под условите кои ги бара Португалецот.

„Лос Бланконси“ имаа лош старт на сезоната, но откако Роналдо започна да постигнува голови и игра онака како што се очекува Реал Мадрид им се врати на победите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Титутлата во првенството практично веќе е предадена на Барселона, елиминирани се во шпанскиот куп, но тука е Лигата на шампионите каде што го елиминираа Пари Сен Жермен и го чекаат противникот во ¼ финалето.

„Мундо Депортиво“ денес пишува текст во кој наведува дека Флорентино Перез увидел колкаво значење на играта на неговиот тим има Португалецот и е спремен да ги прифати неговите услови.

Роналдо во овој момент во Реал заработува 540.000 фунти неделно, но тој смета дека заслужува повеќе бидејќи неговиот најголем конкурент Лионел Меси во Барселона добива 680.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…