Дома Фудбал Останато Перез добил нова идеја: Најпознатиот пензионер ќе ја чува клупата до лето?

Перез добил нова идеја: Најпознатиот пензионер ќе ја чува клупата до лето?

perez

Примерот на Баерн сега би можел да го примени и Реа, всушност со него започна ренесансата во Реал…

Решенија какви што сака Перез на повидок нема, единствените две мети (Мурињо и Покетино) засега се недостапни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Перез нема премногу доверба во Солари. Реал победи против Ваљадолилд, но сите кои го гледаа тој натпревар ќе се сложат дека „кралевите“ не беа на нивото.

Но, друго решение изгледа нема, барем така се мислеше, додека Перез не добил нова идеја – Јуп Хенјкес!

Овој човек чувајќи го местото на Гвардиола освои тројна круна, а се врати и да спаси што може да се спаси после заминувањето на Анчелоти.

Легендарниот тренер има 73 години, минатата сезона се повлече во пензија, со Баерн освои четири титули во првенството, една Лига на шампиони и еден куп. Беше тренер на Реал и ја врати европската титула во Мадрид после четврт век, но доби отказ бидејќи во првенството заврши на четвртата позиција.

Останува да видиме дали ќе одработи уште еден круг во Реал до лето, а потоа би можел да ја препушти клупата на Покетино или Мурињо, имиња кои во овој момент се споменуваат како најсериозни кандидати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино на листата кандидати за нов тренер на Милан

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино може да го смени клубот на лето. Според „La Repubblic…