Своевремено управата на Баерн Минхен му излезе во пресрет дали сега истото ќе го направи и оваа на Манчестер Сити?
Островските медиуми утрово пренесуваат вест дека Пеп Гвардиола сака да го засили својот тим со Тијаго Алкантара.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алкантара важи за миленик на Гвардиола, според многумина и негов наследник поради позицијата која ја игра и стилот. Пеп инсистираше на негово доведување од Барселона како тренер на Баерн Минхен, а сега истото се повторува и во Манчестер Сити.
Според гласините, „граѓаните“ наводно се спремни за неговите услуги да издвојат околу 50 милиони фунти.
Главната причина што сумата во евентуален трансфер на Алкантара би била висока е што овој играч минатата година потпиша нов договор со Баерн Минхен кој има важност до 2021 година.