Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гврадиола се пошегува со својот колега од Ливерпул, Јирген Клоп, дека можат да направат размена на трофеите оваа сезона.
„Граѓаните“ минатата сезона ја освоија Премиер лигата, додека пак „црвените“ триумфираа во Лигата на шампиони. Ова сезона Ливерпул е лидер во лигата со девет бода предност пред Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ливерпул цели 30 години чека на титула во Англија, додека Гвардиола конечно сака да му донесе историска титула на Сити во Лигата на шампиони.
Вчера двајцата добија награда од Асоцијацијата на спортски новинари, па со таа цел двајцата имаа свои говори, а Гвардиола се пошегува со Клоп: „Може да ги разменеме трофеите оваа сезона?“
Pep was on top form last night ? pic.twitter.com/ltWyCI7IAh
— ESPN UK (@ESPNUK) November 25, 2019