Изгледа дека повеќе нема дилеми, Пеп го доведува фудбалерот на Барселона веќе во јануари, а Каталонците ништо не се прашуваат.
Не е неочекувано, Барселона не може да ги задржи фудбалерите кои имаат ниски клазули.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога ќе кажеме ниски тоа се однесува на неколку играчи, а за еден од нив имаше голем интерес во текот на летото.
Сега Манчестер Сити одлучи да тргне во акција, од едноставна причина, Серхио Роберто може да игра на повеќе позиции во тимот.
Кај Луис Енрике беше десен бек, но може да игра и во средината. Од друга страна Гвардиола спрема промени во тимот, ќе заминат неколку фудбалери, прв на оваа листа е Јаја Туре, а Роберто би требало да биде еден од играчите кој ќе го засили каталонскиот гигант.
Роберто има клазула од 40 милиони евра, незадоволен е од минутажата, Валверде му вети повеќе, а секако дека „граѓаните“ можат да му обезбедат и поголеми примања.