Поранешниот стопер на Реал Мадрид, Пепе имаше интервју за португалските медиуми, а во еден дел од разговорот зборуваше за неговата мајка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес играчот на Порто кој е познат по својот темперамент и агерија на теренот во младоста бил поинаков.
„Колку бев разгален? Додека бев во Португалија, значи до 17 години спиев со мајка ми во кревет, па можете да си замислите. Веќе бев голем, а спиев со родителите. Неодамна зборував со мојата мајка и таа се сети на тие моменти и кажав можеби уште тогаш знаев дека ќе бидеме многу време разделени“, изјави Пепе.
Португалскиот репрезентативец е роден во Бразил, а во кариерата играше за Маритимо, Порто, Бешикташ и од 2019 година е во Порто.