Дома Фудбал Останато Пензијата е досадна – Дирк Кајт после неполна година повторно ќе игра фудбал

Пензијата е досадна – Дирк Кајт после неполна година повторно ќе игра фудбал

Легендарниот Холанѓанец повторно ќе игра фудбал на својата 38 година.

Минатата сезона Дирк Кајт после освојувањето на титулата шампион со Фејенорд одлучи да стави крај на кариерата, но после неполна година одлучи да се врати на терените.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поранешниот холандски репрезентативец одлучи повторно да заигра за клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори.

Станува збор за аметерскиот клуб под името Брзи момци од родниот град на Кајт, Катвајк кои се натпреварува во 11 по ранг натпреварување во Холандија.

Токму од тој клуб Кајт како тинејџер премина во Утретехт, пет години потоа следуваше трансферот во Фејенорд, па врвот на кариерата во Ливерпул, па Фенербахче и повторно Фејенорд.

Во периодот од 2004 до 2014 година Дирк Кајт настапи на 104 натпревари за репрезентацијата на Холандија постигна 24 погодоци и играше финале на Мундијалот во Јужна Африк, а во Бразил четири години подоцна освои бронза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…