Дома Македонски спорт Мак баскет Пелистер стигна до првата победа во АБА2!

Пелистер стигна до првата победа во АБА2!

Битолски Пелистер стигна до првата победа во АБА2 лигата и тоа го направи убедливо против Сутјетска (93:73).

Пелистер беше далеку подобар од ривалот и заслужено дојде до победата. Клучната разлика беше направена во третата четвртина. За битолскиот тим ова се први бодови во регионалното натпреварување откако во претходното коло беа поразени од Ловќен.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од самиот почеток Пелистер имаше контрола на резултатот. Првиот квартал го доби минимално, а на пауза заминаа со 51:47. Иако изгледаше дека ќе гледаме неизвесен натпревар во продолжение, „зелено белите“ со фуриозна трета четвртина направија клучна разлика за прва победа.

Малешевиќ и Трајковски со по 16 поени беа најефикасни. Потоа Хјутон постигна 14, а Младеновски 13 поени. Третото коло од АБА2 лигата ќе донесе македонско дерби помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…