Благоја Спиркоски кој важеше за еден од најдобрите фудбалери во редовите на Победа направи трансфер во Пелистер потврди денес битолскиот клуб.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Спиркоски ќе го засили нападот на „пелистерци“ во битката на овој клуб за враќање во прволигашката конкуренција.




Тој е второто засилување во Битола во овој преоден рок откако претходно потпиша 22-годишниот Марио Наумоски.




Во минатата сезона за Победа Спиркоски постигна 20 гола, а во минатото го носеше дресот на Силекс, Брегалница, Лабуништа…Дресот на македонската репрезентација го носеше во младинските категории до 17 и 18 години.



