Дома Македонски спорт Мак баскет Пелистер продолжува да биде перфектен: Куманово немаше сили за изненадување во Битола

Пелистер продолжува да биде перфектен: Куманово немаше сили за изненадување во Битола

Лидерот Пелистер продолжи со победничката серија и на домашен терен во Битола го надигра Куманово во 97:71. Со овој триум битолскиот тим остана единствената екипа со максимален учинок.

Треба да се спомене дека Куманово во Битола допатува со девет кошаркари и почнаа рамноправно. Настовски, Глиројеивиќ и Холмс одлично отворија и се играше во егал, домаќинот доминираше под обрачите. Поради таа игра под обрачите, по првиот квартал резултатот гласеше 25:18.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вториот период денес бранови и на едната и на другата страна, за на крајот резултатот да гласи 45:41. Победникот беше решен во третиот квартал. Тогаш битолчани со цврста игра во одбраната и добрата транзиција ги решија дилемите околу победата. Не успеаа гостите да се вратат и во последниот квартал, па Пелистер оствари победа од 97:71.

Во редовите на Пелистер најефикасни беа Кесар со 26 поени, Младеновски со 17, додека Ѓуроски и Трајковски уфрлија по 18. Во редовите на Кумано Холмс постигна 19, Кејлеб 18 поени.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…