Вардар и Пелистер денес за полуфиналето во Купот на Македонија, а на крајот победникот се решаваше на пенали.
На самиот старт на натпреварот Вардар имаше две добри прилики, потоа Пелистер беше во налет, меѓутоа и на спротивната страна изостана реализацијата. Се играше офанзивно, додека навивачите правеа фантастична атмосфера на трибините.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
До крајот се создадоа уште неколку прилики и на двете страни, на моменти голманите се истакнува, а во некои прилики фудбалерите не беа прецизни.
Второто полувреме донесе помирна игра и на двете страни, немаше толку прилики за гол, па се пристапи кон изведувањето пенали.
Голманот Филип Трајчевски беше вистински херој на битолскиот тим, одбрани два пенали и така го одведе Пелистер во полуфиналето.
Фото: Димитар Петковски