ФК Пелистер веќе ги договори првите засилувања со прволигашки играчи како што и најавуваше.
Станува збор за Благоја Љамчевски кој доаѓа од редовите на прволигашот ФК Тиквеш а во Првата лига настапува од 2008 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Второто засилување е голманот Илче Петровски кој доаѓа од редовите на прволигашот ФК Брегалница а има настапувано за повеќе прволигашки екипи и има меѓународно искуство во екипите на Омониа , Бихач , Кастриоти и Поградеци.
Овие две прволигашки засилување сметаме дека многу ќе допринесат за експресно враќање во Првата Македонска лига.
Ќе има уште неколку засилувања од играчи со прволигачки статус кои се преговара во моментот.