Дома Трансфер зона „Пеколна“ недела во Јувентус: Еве кои играчи се на излезна врата!

„Пеколна“ недела во Јувентус: Еве кои играчи се на излезна врата!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јуевнтус оваа недела ќе направи вистинска „чистка“ во тимот и ќе продаде неколку фудбалери.

Имено, Моис Кеан е блиску до Евертон, трансфер кој во касата ќе донесе 40 милиони евра, останува да се види колку ќе биде клаузуалта за откуп која Јуве сака да ја внесе во договорот. Зошто го продаваат Кеан? Освен што конкуренцијата е силна, се шпекулира дека младиот напаѓач покажувал одредени аномалии во однесувањето, слично како Балотели.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа недела, Јуве би можел да го раскине договорот со Кедира, тој има понуда од Волвс и уште неколку клуба, но се зборува дека ќе оди во Арсенал. Јувентус би го пуштил со мала надомест, за да ги сочува парите од неговиот договор. Истото важи и за Матуиди, кого Сари не го гледа во тимот и за кого се заинтересирани ПСЖ и Монако.

Перин е пред трансфер во Астон Вила, дошол да се поздрави со соиграчите, а во овој момент најмногу интерес предизвикува состанокот со Николас Игуаин. До сега Аргентинецот одбива да си оди, денеска би можело да биде јасно дали има простор за договор со Рома, Џеко го чека исходот за да си замине во Интер.

Што се однесува на Манџукиќ, ситауцијата и понатаму не е јасна, има интерес од сите страни, но изгледа дека тој е најблсику до тоа да остане. Во нападот би требало да биде вклучен Икарди, или евентуално Лукаку, кој може да пристигне во трампа со Дибала.

Можно е да биде продаден и Ругани, бидејќи Демирал останува, а Јуве веројатно ќе го продаде и Кансело, тука Квадрадо почнува како стартер на десниот бек, по замисла на Сари, го имаат Де Шиљо, а можно е да го доведат и Дармијан од Манчестер Јунајтед.

И на крајот, Сари барал Даглас Коста да остане, нема ништо од неговата продажба, тој ќе се бори со Бернандески за место во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…