Дома Фудбал Лига на шампиони Паѓаат рекордите: Халанд е сериозна закана и за еден од најголемите рекорди на Роналдо!

Паѓаат рекордите: Халанд е сериозна закана и за еден од најголемите рекорди на Роналдо!

Eрлинг Халанд вчера постигна два гола за Манчестер Сити во победата против Севиља од 0:4 и со тоа продолжи да се заканува на многу рекорди.

Халанд со погодоците стана првиот играч кој постигнувал голови на дебито во Лигата на шампионите за три различни клуба. За Салцбург во 2019, Борусија 2020 и сега во Манчестер Сити. Исто така тој стана првиот играч на Манчестер Сити кој постигнал гол на дебито во Премиер лигата и Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сериозно се заканува Халанд и за рекордите на Роналдо. Португалецот е најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 140 голови на 183 натпревари и тоа е просек од 0.77 голови по натпревар. Но, во првите 20 натпревари колку што досега одигра Халанд Роналдо немаше постигнато ниту еден гол.

Од друга страна Халанд веќе има 25 гола зад своето име и е на просек од 1.25 голови по натпреваро (Роналдо има 0.77). Нема сомневање дека со вакво темпо ќе го сруши рекордот на Португалецот, меѓутоа и би поставил рекорд кој би бил голем предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…