Дома Фудбал Лига на шампиони Пауза, па фудбалска недела од соништата: Пред спектаклот во Европа, скоро секој тим игра дерби во првенството…

Пауза, па фудбалска недела од соништата: Пред спектаклот во Европа, скоро секој тим игра дерби во првенството…

ls

Каква фудбалска недела не очекува веднаш после репрезентативата пауза…

Денес се извлечни паровите за Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието ќе биде англиското дерби, иако ништо помалку интересен не е и дуелот на старите познаници Јувентус и Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Она што посебно ги радува навивачите, но не толку Јирген Клоп и Пеп Гвардиола бидејќи меѓусебниот дуел во Лигата на шампионите и за Ливерпул и за Сити доаѓа после тешки натпревари во домашното првенство.

Имено, Ливерпул и Манчестер Сити ќе се сретнат во среда, а за викендот „граѓаните“ го дочекуваат Манчестер Јунајтед, а „црвените“ му гостуваат на Евертон.

Сити токму на тој натпревар против Јунајтед би можел да ја обезбеди титулата, доколку претходно го победи Евертон на „Гудисон“.

Ништо подобро не помина ниту Реал Мадрид, кој пред натпреварот со Јувентус ќе игра против Атлетико Мадрид во Ла Лига и овој натпревар би можел да биде директен судир за втората позиција.

Јувентус исто така има интересен распоред, после паузата го пречекува Милан, па после три дена и Реал Мадрид.

Распоред на натпреварите од ¼ финалето

Вторник 3 април: Јувентус – Реал Мадрид, Севиља Баерн Минхен

Среда 4 април: Барселона – Рома, Ливерпул – Манчестер Сити

Вторник 10 април: Рома Барселона, Манчестер Сити – Ливерпул

Среда 11 април: Реал Мадрид – Јувентус, Баерн Минхен – Севиља

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…