Хавиер Пасторе најверојатно во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Пари Сент Жермен, а главен фаворит за неговиот потпис е милански Интер.
Пасторе оваа сезона не добива голема минутажа на „Паркот на принцовите“ и најверојатно ќе ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите неодамна пренесоа дека тој веќе го одиграл последниот меч за ПСЖ и се поздравил со соиграчите.
„Прочитав дека сим се поздравил со соиграчите и дека сигурно ќе го напуштам ПСЖ. Тоа не е вистина, јас имам договор уште една година, но се може да се случи во јануари“, изјави Пасторе, а потоа призна дека му се допаѓа Интер.
„Мојот агент имаше контакти со Интер, но се уште ништо не е договорено. Ми се допаѓа клубот, а враќањето во Италија е прва опција доколку го напуштам ПСЖ“, откри Аргентинецот.