Јувентус уште пред да започне јануарскиот преоден рок се поврзуваше со неколку фудбалери.
Еден од оние фудбалери кои медиумите го поврзуваа со Јувентус е Иван Ракитиќ. Играчот за врска на Барселона сепка во текот на летото не пристигна во Торино во текот а летото, а судејќи според она што го изјави спортскиот директор на Јувентус така ќе биде и во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фабио Партичи јасно порача дека Јувентус нема да доведува играчи во јануари.
„Нашиот тим е комлетен и го сметаме за еден од најдобрите во Европа и очекувам да нема промени во јануари. Среќни сме со нашите играчите. Со Манџукиќ избравме тивко време за негово заминување, но трансферот во Катар не се реализираше па остана со нас. Сега ќе видиме што ќе се случи во јануари“, изјави Партичи, а потоа доби прашање за Кристиано Роналдо.
„Тој за нас е многу важен играч, среќни сме поради него како и он поради нас. Не се сомневам дека ќе остане со нас и на крајот и на оваа и следната сезона“, заврши директорот на клубот од Торино.