Дома Фудбал Останато Парите си го направија своето: Првенството на Саудиска Арабија ќе се гледа во целиот свет!

Парите си го направија своето: Првенството на Саудиска Арабија ќе се гледа во целиот свет!

Денес со натпреварот помеѓу Ал Ахли и Ал Хазем стартува новата сезона во Саудиска Арабија која дефинитивно ќе биде поинаква од сите претходни поради вложените милиони и ѕвездите кои пристигнаа.

Се покажа дека доаѓањето на Роналдо во јануари е само почеток, па летово бројни познати европски имиња одлучија кариерата да ја продолжат во Саудиска Арабија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Останува да видиме како сето тоа ќе функционира, но ефектот од големите имиња веќе може да се види. Саудиското првенство ќе се пренесува во над 130 земји во светот, нешто што до пред година-две беше незамисливо.

„Светот сега може да гледа како саудискиот фудбал се трансформира“, најави Саад Алазез, извршен директор на лигата.

Садио Мане, Роберто Фирмино, Џордан Хендерсон, Муса Дембеле, Карим Бензема, Нголо Канте, Марсело Брозовиќ, Франк Кеси, Ријад Марез, Фабињо, Милинковиќ-Савиќ, Кулибали…Се само дел од фудбалерите кои оваа сезона ќе ги гледаме во клубовите од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…