Гвардиола веќе го склопува тимот за следната сезона, а изгледа знае што му е потребно за да ја одбрани шампионската титула во Англија.
Минатиот викенд, Манчестер Сити стигна до својата петта титула во Премиер лигата во клупската историја. Водени од искуството од Баерн со кој исто така неколку кола пред крајот на шампионатот ја освои титулата во Бундес лигата, Гвардиола бара од своите играчи до крајот на сезоната да останат максимално фокусирани на останатите натпревари кои ги очекуваат во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На сите им е јасно дека за Јаја Туре, чиј договор истекува на крајот од сезоната, нема место во Сити. Во Фред, играчот на Шахтјор, Пеп гледа соврешна замена за Јаја Туре. Не запираат и шпекулациите ниту за Тиаго Алкантара, но тоа малку е веројатно, па Бразилецот е првата опција на Гвардиола.
Првата цел дефинитивно е алжирскиот фудбалер Марез, кој само потпис го делеше од Сити во јануарскиот трансфер период. Трансферот вреден 60 милиони евра би требало да биде реализиран ова лето.
Британските медиуми шпекулираат дека Гвардиола е во потрага и по два стопери. Наводно, заинтересиран е за играчот на Ајакс, Матијас Де Лихт, како и играчот на Сао Паоло, Едер Милатау. Исто така, шпанскиот стратег e во потрага и за некои крилни играчи. Најмногу се споменува Заха, но и тој самиот е свесен од фактот дека во Сити не би имал простор за игра како што би имал во Тотенхем, кој исто така покажува интерес за него.