Дома Фудбал Лига на шампиони ПАРИТЕ ГО ДИКТИРААТ ТЕМПОТО: Лигата на шампионите во нови термини!?

ПАРИТЕ ГО ДИКТИРААТ ТЕМПОТО: Лигата на шампионите во нови термини!?

Европската фудбалска федерација (УЕФА) повторно би можела да ги промени термините за натпреварите во Лигата на шампионите.

Од оваа сезона натпреварите во најелитното европско натпреварување се играат во термини од 18:55 и 21:00 часот по средноевропско време, но бидејќи парите играат голема улога УЕФА повторно би можела да прави промени.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првите луѓе на европската куќа на фудбалот според пишувањето на „Билд“ размислува натпреварите за Лигата на шампионите да се пренесат за викенд, односно место во вторник и среда, да се играат во сабота и недела.

Причината за ваквата промена е сосема јасна. УЕФА би имала многу поголема заработка отколку што е случај кога натпреварите се играат во средина на неделата. Во викендите би имале поголем број гледачи, а тоа значи и повеќе пари.

Овој предлог наскоро ќе се разгледува и во блиска иднина би можеле Лигата на шампионите да ја гледаме во нови термини. Ваквата промена секако многу ќе влијае и на националните првенства, но парите се тие кои го диктираат темпото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…