Дома Фудбал Останато Паоло Роси и легендите на фудбалот во Скопје – пристигнува и дресот на Меси од финалето во Катар!

Паоло Роси и легендите на фудбалот во Скопје – пристигнува и дресот на Меси од финалето во Катар!

По големиот успех на изложбите кои веќе беа поставени во Рим, Милано, Фиренца, Торино, Тренто, Римини, Болоња, Белград, Венеција, Цирих и Тирана, изложбата со наслов „Паоло Роси –  златното момче и легендите на фудбалот“, доаѓа и во Скопје.

Благодарение на соработката со главниот спонзор Trim & LumАмбасадата на Италија во Република Северна МакедонијаИталијанскиот институт за култура во Белград и ФФМ, овој важен меѓународен изложбен настан посветен на херојот од мундијалот во Шпанија од 1982, на кој победи Италија, како и на други познати шампиони од целиот свет, ќе биде отворен за јавноста од 8. до 21. април 2024 година во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје. Влезот ќе биде бесплатен.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На церемонијата на сечењето на лентата ќе присуствуваат премиерот Талат Џафери, Амбасадорот на Италија во Северна Македонија Андреа СилвестриМенди Чура (претседател на Trim & Lum), г-ѓа Федерика Капелети (сопруга на Паоло Роси и Претседател на Федерацијата на италијанскиот женски фудбал), Салваторе Скилачи (златна топка и златна копачка во 1990 година), долгогодишниот спортски новинар, коментатор и уредник на спортската редакција на МТВ Атанас Костовски и координаторот на проектот Мухарем Салиху.

Изложбените простори, кои хронолошки го следат животот и кариерата на Паоло, се создадени благодарение на огромен вложен труд. Се работи за еден од најважните проекти во светот за иновативна поставка на изложба која се однесува на животот на еден спортист. Конкретно, изложбата има за цел да создаде патување од почетокот на кариерата на Паоло Роси па се’ до целото наследство што му го остава на светскиот фудбал, преку 500 уникатни предмети изложени на панели, штампи, банери, монитори, табли, вклучувајќи ги и најважните негови трофеи изложени во витрини:

• Златната топка од 1982 доделена од списанието Франс Фудбал

• Златната копачка за најдобар стрелец од мундијалот во Шпанија 1982

• Златната топка за најдобар играч на мундијалот во Шпанија 1982

• Неговиот дресот од финалето на мундијалот во Шпанија 1982

• Копачките со кои го постигна хет-трикот на натпреварот против Бразил

Понатаму, на изложбата ќе може да се види еден проект за виртуелна реалност кој на посетителите ќе им овозможи повторно да ги доживеат трите гола на Роси постигнати против Бразил седејќи на трибините на стариот стадион Сариа во Барселона.

Во изложбениот простор, ексклузивно во Скопје, ќе може да се види и дресот што го носеше Лионел Меси во финалето на ФИФА Светскиот куп во Катар 2022, Аргентина – Франција, и една од официјалните топки од овој натпревар, како и простор посветен на легендите од историјата на меѓународниот фудбал.

Благодарение на Музејот на ФИФА и некои од најважните колекционери во светот, ќе изложиме и низа уникатни предмети како што се: дресови, копачки, тренерки, топки, фотографии, документи, трофеи и медали кои им припаѓаат на најголемите легенди на светскиот фудбал, вклучувајќи ги и дресовите на сите 47 добитници на Златната топка од 1956 година до денес.

При посетата на изложбата ќе може да се видат предмети кои им припаѓале на:

Марадона, Пеле, Алфредо ди Стефано, Герд Милер, Џузепе Меаца, Сандро Мацола, Боби Чарлтон, Џорџ Бест, Фалкао, Лев Јашин, Ференц Пушкаш, Франц Бекенбауер, Јохан Кројф, Еузебио, Дино Ѕоф, Христо Стоичков, Лотар Матеус, Мишел Платини, Роберто Баџо, Франко Барези, Марко Ван Бастен, Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Џанлуиџи Буфон, Франческо Тоти, Андреа Пирло, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Лука Модриќ и многу други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…