Дома Фудбал Лига на шампиони Панчев пред стартот на ЛШ: За Звезда против Сити и минимален пораз ќе биде како победа

Панчев пред стартот на ЛШ: За Звезда против Сити и минимален пораз ќе биде како победа

Дел од новата сезона во Лигата на шампионите ќе биде и екипата на Црвена Звезда која вечерва ќе се соочи со актуелниот европски шампион Манчестер Сити.

Пред овој натпревар во интервју за српски „Курир“ зборуваше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев кој секогаш е интересен за српските медиуми пред големите натпревари за Звезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Панчев истакна дека и минимален пораз за Звезда би бил успех против тим како Манчестер Сити.

„Шансите на Звезда против Манчестер сити објективно се многу мали. Сити е европски првак, има феноменален тим и секако е голем фаворит. Јас кога би бил тренер би играл со засилен среден ред и еден брз напаѓач, бидејќи мислам дека најдобриот дел од тимот на Гвардиола е средниот ред.

Минимален пораз од Сити е еднаков на победа. Да се загуби чесно, а не со пет-шест гола разлика. Не е неуспех да се биде поразен од ваков тим, бидејќи тие се навистина фантастичен тим“, смета Панчев.

Целото интервју на Панчев пред овој натпревар можете да го прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…