Дома Македонски спорт Панчев: Меси и Роналдо не би дале над 600 гола во мое време

Панчев: Меси и Роналдо не би дале над 600 гола во мое време

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев вчера имаше интервју за познатиот интернет портал „Гоал“, помеѓу другото Панчев зборуваше и за двајцата најдобри фудбалери во овој момент, Роналдо и Меси.

Роналдо и Меси во својата кариера имаат над 600 гола, а Панчев смета дека ако играле во негово време немало да постигнат толку многу гола.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Меси и Роналдо се двајца неверојатни фудбалери кои ја одбележуваат нивната ера, а истовремено се различен тип на играчи и тешко е да ги споредите. Роналдо е подобар голгетер, но Меси е покреативен, има подобро чувство за игра и повеќе асистира. Меѓутоа секој кој гледа фудбал може да ја забележи разликата од фудбалот пред 20-30 години и денешниот. Порано играчите не беа толку заштитени, денес да играте во напад е задоволство затоа што се смени типот на одбрана, дуелите се помалку груби и полесно се постигнуваат голови. Јас со моите карактеристи и со чувството за гол денес сигурно ќе постигнев повеќе гола“, смета Панчев.

Целото интервју на Панчев за „Гоал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…