Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Ќе играм уште една година, Интер ме бараше во јануари

Пандев: Ќе играм уште една година, Интер ме бараше во јануари

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев уште еднаш го потврди својот план – да игра уште една годинаво обид да се избори за пласман  на ЕВРО 2021.

Пандев планираше да ја заврши кариерата на крајот на сезоната, но одложувањето на Европското првенство ги промени неговите планови.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Сакав да ја спасам Џенова и да се пласирам на ЕП со Македонија, но оваа трагедија со коронавирусот смени буквално се. Дефинитивно, сакам да играм уште една година. Јас никогаш нема да бидам тренер. Размислував на оваа тема, но мислам дека подобро ќе се снајдам во некоја извршна функција во управата на клубовите. Сакам и да им помогнам на младите луѓе во Македонија“, вели Пандев.

Пандев исто така ги потврди шпекулациите дека добил повик од Интер во јануари, но избрал да остане во Џенова.

„Интер се јави, тоа е клубот на кој му должам се за мојата кариера. Ми понудија договор на шест месеци, а потоа и останување во клубот на некое директорско место. Сепак,не сакав да ја оставам Џенова среде сезона, во период во кој се бори за опстанок во елитата. Затоа и решив да останам и не зажалив за одлуката“, откри нашиот капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени имињата на клубовите кои добија лиценца настап во Европа

Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека …