Дома Фудбал Италија Пандев: Успехот со Интер незаборавен, сонувам да играм со Македонија на ЕП

Пандев: Успехот со Интер незаборавен, сонувам да играм со Македонија на ЕП

Капитенот на македонската репрезентација и член на Џенова, Горан Пандев даде опширно интервју за италијанските медиуми.

Пандев се потсети на најголемите успеси во кариерата и проговори за пензионирањето.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Јас секогаш ќе му бидам благодарен на Интер, тоа е клубот кој ме донесе во Италија и каде созреав како човек Моето искуство со „нероаѕурите“ беше фантастично, но исто така имав прекрасни моменти и во Наполи и во Лацио, каде што почнаа многу повеќе да ме ценат во Италија. Не жалам за ништо во кариерата, но и кариерата не ми  се уште готова. Сакам да обезбедам опстанок со Џенова, а од претходно имам кажано – огромна желба ми е да играм со Македонија на ЕП“, изјави Пандев.

„Освојувањето на Лигата на Шампионите е сон за секој играч. Ако на тоа го додадете и скудетото и пехарот од Купот на Италија, целото искуство е уште понезаборавно. Направивме нешто што тешко дека некој ќе успее да го повтори. Мурињо ми беше како татко, тој создаде неверојатна група што стигна до огромен успех“, додаде Пандев.

На крајот Пандев истакна дека сака кариерата да ја заврши во Џенова пред полн стадион.

„Навивачите на Џенова се фантастични, му благодарам на претседателот кој веруваше и верува во мене. Многу ми е убаво во Џенова и сакам тука да ја завршам кариерата. Сонувам да го направам тоа пред полн стадион.  Кога ќе се повлечам од фудбалот со моето семејство размислуваме да останеме тука“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…