Дома Македонски спорт Пандев: Со Пјонтек живеевме во иста зграда и се уште сме во контакт

Пандев: Со Пјонтек живеевме во иста зграда и се уште сме во контакт

Денес македонската репрезентација одработи прес-конференција пред утрешниот натпревар против Полска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На конференцијата за медиуми од нашата репрезентација присутни беа капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски.

Од медиумите Пандев доби прашање за Криштов Пјонтек со кого играше во ист тим додека беше член на Џенова.

„Со Пјонтек останав во добар однос, живеевме во иста града, секој ден се гледавме на тренинзите, тој е еден одличен дечко и голем играч. Полска има фантастични поединци, но тоа е репрезентација која е силна и како колектив“, изјави Пандев.

Потоа Пандев уште еднаш потенцираше дека за него е ова е најдобрата генерација во која играл.

„Ова е најдобрата генерација на Македонија во која сум играл. Сите играме во квалитетни клубови во Европа и сметам дека сме способни за поголем успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шокантна изјава: Рафиња се моли да замине од Барселона, има големи финансиски проблеми (Видео)

Бразилецот Рафиња (29) се соочува со поголеми предизвици отколку што е повредата која ќе г…