Дома Фудбал Пандев: Победата во Дуизбург беше како да сме освоиле титула

Пандев: Победата во Дуизбург беше како да сме освоиле титула

Пред натпреварот со Германија вечерва се огласи и Горан Пандев кој зборуваше за германските медиуми.

Пандев беше дел од тимот кој приреди сензација во Дуизбург, постигна и гол, но како што е познато после Европското првенство одлучи да се повлече од репрезентативниот дрес.

„Ова ќе биде поразличен натпревар од оној во Дуизбург. Таа победа ќе остане во историјата на македонскиот фудбал. За нас тоа беше како да сме освоиле титула“, изјави Пандев „Süddeutsche Zeitung.“.

Германците вечерва сакаат победа затоа што така би го завериле пласманот на Мундијалот в о Катар. Дуелот започнува во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…