Дома Македонски спорт Пандев: Најдобро е сезоната да се прекине! (ВИДЕО)

Пандев: Најдобро е сезоната да се прекине! (ВИДЕО)

Капитенот на македонската репрезнетација, Горан Пандев имаше кратко интервју за телевизијата „Арена Спорт“.

Пандев во интервјуто порачува дека според него најдобро е Серија А да биде откажана и воопшто да не продолжи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Најдобро според мене е првенството да се прекине, имаше многу проблеми, многу заразени, многу починати…Навистина ретко кој мисли во овој момент на фудбал. Ако почнеме да играме без публика, без контакти на што ќе личи фудбалот…Не е тоа тоа“, зборува Пандев.

Какво решение може да се најде?

„По мое мислење најдобро за сите е да нема шампион, да нема испаѓање и лигата да се прошири, па наредната сезона да испаднат четири екипи. Во втора лигата Беневенто веќе води со многу разлика, проблем е второто место, но така мислам дека е најреално“.

Во случај сезоната да продолжи кој сакаш да ја биде шампио?

„Сакам Лацио да го освои Скудетото, но Јувентус има 22 одлични играчи и ако играме на секои 3 дена тоа е она што може да направи разлика. Јас навивам за Лацио, клубот ми е навистина драг, шест години поминав таму“, изјави помеѓу другото Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…