Вчера Горан Пандев беше херој на Џенова во победа против Каљари, Џенова победи со 1:0, а единствениот гол на натпреварот беше дело на македонскиот капитен.
Пандев голот го постигна со првиот допир со топката откако три минути претходно влезе во игра. После натпреварот новинарите го запрашаа Пандев за поврзувањата со Интер во последниот ден од преодниот рок. Пандев потврди дека преговори постоеле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаше преговори со Интер, но одлучив да останам за да ја спасам Џенова. Сите тука знаат дека го саакам овој клуб. Интер за мене е се, тој клуб ме донесе во Италија и таму ја имав најубавата година, освоив се“, изјави Пандев потсетувајќи на годината во која со Интер освои триплета.
Потоа нашиот капитен зборуваше и за натпреварот.
„Кога тренерот Никола ми кажа да се спремам, мислев дека се шегува. Кога ги видов во шеснаесетникот Пинамоти и Санабрија не мислев да влезам, но за среќа се погоди. Незагреан е тешко веднаш да влезете во ритам, овој пат имав среќа и тоа се случи. Сакам да играм повеќе, но најважно од се е да освојуваме бодови“, изјави Пандев.