Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандевци ја шокираа Шкендија во Тетово, Вардар славеше против Победа и дојде на -3

Пандевци ја шокираа Шкендија во Тетово, Вардар славеше против Победа и дојде на -3

pmf

Денес од 13:00 часот беа одиграни натпреварите од 17-тото коло во македонското првенство во кое најголемото изненадување го направи Академија Пандев.

Пандевци на гостински терен во Тетово славеа победа против тимот на Шкендија со минимален резултат од 0:1. Единствениот гол на натпреварот го видовме во првото полувреме кога погоди Крстовски во 26 минутата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар го искористи киксот на Шкендија и славеше победа од 3:0 против прилепска победа.

Црвено-црните натпреварот го отворија на истекот на 30-тата минута кога стрелев беше Брдаровски. Нови погодоци во вториот дел постигнаа Попзлатанов и Исеини во период од само три минути, во 67-та и 70-тата минута.

После овој кикс на Шкендија и победа на Вардар разликата на врвот на табелата сега е три бода. Шкендија е лидер со 37 освоени бодови, додека Вардар е второпласиран со 34.

Во останатите натпревари Работнички ја победи Беласица со 1:2, додека со резултат 1:1 завршија средбите Македонија Ѓ.П – Силекс и Шкупи – Ренова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бурна реакција на ФК Скопје за пеналот во Врапчиште: Сакаме чесно првенство!

Од судиската комисија на ФФМ вчера во анализата ја потврдија грешката на судијата, а сега …