Дома Топ вести Палермо оди во Серија Д, Несторовски и Трајковски чекаат трансфери!

Палермо оди во Серија Д, Несторовски и Трајковски чекаат трансфери!

За жал на голем број фанови на италијанскиот фудбал клубот кој даде големи имиња сицијалијански Палермо наредната сезона ќе игра во Серија Д (четврта лига во Италија).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проблемите на Палермо не можат лесно да се решат затоа што тие траат со години. Најголем виновник за ова што му се случува на Палермо е претседателот Маурицио Зампарини кој е обвинет за местење натпревари. Зампарини правел некои необични потези во управата и стручниот штаб, а познато е дека промени дури 40 тренери. Поради неговото лошо водење клубот испадна во Серија Б. Тој Палермо конечно го продаде за 10 фунти, веќе е доцна за работите да се поправат.

Посебно интересно за македонската јавност е што во овој клуб играат Алексаднар Трајковски и Илија Несторовски. После се што се случуваше се очекува многу брзо двајцата да пронајдат нови клубови.

Несторовски наводно веќе има договор со Удинезе и во следните денови се очекува тоа да биде потврдено. Во Удинезе Несторовски ќе се пресели без оштета.
Трајковски пак во последно време најмногу се поврзуваше со Милан и Спортинг Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…