Дома Трансфер зона Падна договор: Њукасл го добива најскапото засилување во својата историја!

Падна договор: Њукасл го добива најскапото засилување во својата историја!

Како што пренесуваат повеќе извори на Островот Њукасл го договори најскапиот трансфер во својата историја – пристигнува Александар Исак од Реал Сосиедад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швеѓанецот во редовите на Њукасл пристигнува за 63 милиони фунти со што ќе биде рекордно засилување за „страчките“. Во исто време 22-годишниот Исак ќе биде и најскапиот играч кој го продал Сосиедад.

Со овој трансфер Њукасл го руши рекордот поставен минатото лето кога за 41.5 милион фунти го доведоа Бруно Гуимараеш од Лион за 41.5 милион фунти.

Во редовите на Реал Сосиедад Исак пристигна од Борусија Дортмунд во 2019 година и на 132 натпревари постигна 44 гола во сите натпреварувања. Зад себе има 37 натпревари за репрезентацијата на Шведска со постигнати девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…