Раководството на Рома засилено работи на трансфер пазарот, а последните информации од Апенините говорат дека „волчицата“ договорила големо засилување за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и италијански репрезентативец, Брајан Кристанте, кој беше на мета на неколку европски гиганти.
Меѓутоа, Рома беше најконкрента и ја победи конкуренција, па постигна договор со Аталанта за трансфер вреден 30 милиони евра.
Сега останува уште Кристанте да ги договори личните услови со „волчицата“ и во наредните денови и официјално да стави потпис на договорот.
За него интерес покажаа уште Јувентус, Интер, Лацио и Наполи, па сигурно ќе биде големо засилување за „волчицата“.
#Roma–#Cristante al traguardo: intesa con l’#Atalanta. Cifre e dettagli ⬇️https://t.co/1eHXLorZOJ
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 5, 2018