Дома Трансфер зона ПАДНА ДОГОВОР: Ова се деталите од трансферот на Мбапе!

ПАДНА ДОГОВОР: Ова се деталите од трансферот на Мбапе!

Шпанците повторно лансираат бомба, овој пат станува збор за Мбапе.

Имено, добро познатиот новинар Едуардо Инда кој тврди дека секогаш има ексклузивни информации тврди дека практично е постигнат договор помеѓу Реал и ПСЖ. Младито Французин им кажал на Леонардо и Ал-Келаифи дека не сака да го продолжи договорот кој му истекува 2022. година и следното лето ќе ја прифати понудата на Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој ги договорил условите, имено, ќе биде платен 35 милиони по сезона што е двојно повеќе отколку сега, а со Меси и Нејмар ќе стане најплатен играч на планетата.

Кои се деталите од наводниот договор помеѓу клубовите?

Реал ќе плати светски рекорд од 225 милиони евра, три повеќе отколку што Барса доби од Парижаните за Нејмар, а уште 50 ќе бидат преку бонуси, од кои некои се лесно остварливи, а другите се поврзани со успех на Реал, како и индивидуалните достигнувања на најталентираниот играч во светот.

Мбапе во моментов е повреден, нема да игра утре против Реал, и самиот Леонардо изјави дека ќе мора да го продадат ако не го продолжи договорот, а тој ќе го оствари сонот. Го одби Реал поради повеќе пари кои му ги понуди ПСЖ кога од Монако пристигна во француската престолнина за сума од 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…