Денес би требало да ги помине медицинските прегледи и да потпише договор.
Според медиумите во САД, Кармело Ентони во текот на денешниот ден ќе стане нов кошаркар на Хјустон Рокетс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесува новинарот Адријан Војнаровски, Мело ќе потпише договор на една година со Хустон вреден 2.4 милиони долари. И
Тој отпатувал во Хјустон да ги одработи медицинските прегледи и да потпише за Рокетси каде што ќе пристигне како слободен играч.
Се очекува Ентони да има подобар однос со Крис Пол и Џејмс Харден отколку што тоа беше случај со Расел Вестбрук.
Ентони во својата кариера осум години помина во Денвер, а во Њујорк Никси пристигна во 2011 и играше за тој тим се до 2017 година.
Во Оклахома помина само една сезона и може да се каже дека му беше една од најлошите во кариерата.