Португалскиот десен бек, Жоао Кансело кој минатата година играше на позајмица во Интер е пред трансфер во Јувентус.
„Нероаѕурите“ не ја искористија опцијата да го откупат неговиот договор за 35 милиони евра, па Кансело се врати во Валенсија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Валенсија и Јувентус се блиску до договор за трансфер на Кансело кој ќе „тежи“ 38 милиони евра.
JOÃO CANCELO is about to join Juventus on a paid loan with a mandatory buy worth €38M in total. Only missing accept by Valencia (@Sport_Mediaset).
— ?? [VALENCIA CF] (@VCF__Nordic) June 20, 2018
Имено, Кансело ќе се пресели во Торино на едногодишна позајмица за 8 милиони евра, а следното лето „бјанконерите“ ќе бидат обврзани да го откупат за додатни 30 милиони евра. Португалецот веќе постина договор со „старата дама“ и ќе потпише 4-годишен договор.
Кансело минатата сезона одигра одлично во дресот на Интер, веќе има искуство во Серија А, па сигурно ќе биде големо засилување за Јувентус.