Бразилскиот фудбалер Габриел Жесус (25) го напушта Манчестер Сити и кариерата веројатно ќе ја продолжи во Арсенал.
Според последните информации од Англија Сити и Арсенал постигнале договор за трансфер на 25-годишниот напаѓач, а „топџиите“ за услугите на бразилскиот фудбалер ќе издвојат 45 милиони фунти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Преостанато е уште Арсенал да ги договори финансиските услови со напаѓачот. Тоа не би требало да претставува проблем затоа што во Арсенал според информациите спремиле добра плата.
Наводно Бразилецот ќе добие 11 милиони евра по сезона. Тоа двојно повеќе од она што го заработува во Сити и се очекува наскоро да ја прифати понудата. Жесус во Сити пристигна во 2017 година од Палмеирас и досега одигра 315 натпревари за „граѓаните“ на кои постигна 123 гола.