Дома Трансфер зона Падна договор: Анте Ребиќ се сели во Атлетико Мадрид

Падна договор: Анте Ребиќ се сели во Атлетико Мадрид

Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, тврди весниот „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите помеѓу „јорганџиите“ и Ајнтрахт се во напредна фаза, па трансферот треба да се финализира во следните денови а ќе биде тежок 40 милиони евра.

25-годишниот Ребиќ имаше одлична сезона во Ајнтрахт и постигна 9 гола во Бундеслигата, а имаше и многу добри настапи во Лига Европа.

Ребиќ дебитираше за хрватската репрезентација во 2013 година и имаше голема улога во испехот на „коцкестите“ на последниот Мундијал.

Може да игра на двете крилни позиции и е играч кој Диего Симеоне силно го посакуваше во своите редови.

https://youtu.be/ZgNgGnxYizQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…