Дома Трансфер зона Павард: Баерн? Ништо не е договорено

Павард: Баерн? Ништо не е договорено

Членот на шампионската генерација на Франција од Мундијалот во Русија, Бенџамин Павард ги отфрли гласините дека кариерата ќе ја продолжи вво Баерн.

Со одличните игри овој 22 годишен играч го сврте вниманието на бројни великани, меѓу кои и Баерн Минхен, а некои медиуми отидоа толку далеку што објавија дека трансферот на Алијанц Арена е договорен.

Павард, од друга страна таквите гласини ги демантираше.

„Со Баерн не сум договорил ништо. Ми годи интересот на еден таков клуб, но јас сум фокусиран на својот Штутгарт.“ – изјави Павард.

Покрај Баерн, младиот Павард се поврзува уште со Барселона и Манчестер Сити, а неговата вредност се проценува на 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…