Дома Фудбал Англија Очекувано: Халанд играч на месецот во Премиер лигата

Очекувано: Халанд играч на месецот во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд очекувано беше избран за Играч на месец август во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Норвежанецот имаше историски прв месец во најсилната фудбалска лига и постигна 9 гола во првите пет меча.

Тој постигнуваше голови против Вест Хем, Њукасл, Кристал Палас и Нотингем Форест, а против Борнмут запиша асистенција.

Халанд е првиот играч кој ја добива оваа награда во дебитантскиот месец, уште од февруари 2020 кога наградата ја доби Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…