Манчестер Јунајтед денес и официјално го потврди трансферот на Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Јувентус веднаш ги открија деталите од договорот со Манчестер Јунајтед.
Италијанскиот клуб потврди дека трансферната сума изнесува 15 милиони евра плус 8 милиони како бонуси. Интересно е што оваа сума Манчестер Јунајтед ќе ја плаќа во следните 5 години.
5 од овие 8 милиони евра бонуси се лесно остварливи, што значи дека Јувентус сигурно ќе добие 20 милиони евра.
Роналдо со „црвените ѓаволи“ потпиша двегодишен договор со опција за уште една година.
Juventus says goodbye to @Cristiano.
— JuventusFC (@juventusfcen) August 31, 2021