Дома Трансфер зона Официјално: Јувентус бесплатно доведе Бразилец на кого агент му е Раиола

Официјално: Јувентус бесплатно доведе Бразилец на кого агент му е Раиола

Торински Јувентус во своите редови доведе нов фудбалер.

Нов играч на „старата дама“ стана бразилскиот десен бек Весли (19) кој во Торино пристигнува како слободен играч.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Весли ги помина младинските селекции на бразилски Фламенго. Сепак, иако постоеше желба да продолжи да игра за овој клуб, Јувентус му понуди одлични услови и 19 годишниот фудбалер во иднина ќе игра за клубот од Торино.

Работата ја заврши познатиот менаџер Мино Раиола кој водеше грижа за кариерата на младиот репрезентативец на Бразил на кого му се предвидува голема кариера.

Весли после потписот со Јувентус се пофали со фотографија на Инстаграм. Набрзо доби бројни честитки, а помеѓу фудбалерите кои му честитаа беа Винисус Жуниор и Лукас Пакета. Ќе потсетиме Пакета и Жуниор исто така претходно го носеа дресот на Фламенго.

Овој десен бек ги помина сите младински селекции на Бразил и во неговата татковина очекуваат наскоро да добие место и во сениорската селекција на „Кариоките“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…