Дома Трансфер зона Официјално: Ѕвездата на Ливерпул во Саудиска Арабија за 45 милиони евра

Официјално: Ѕвездата на Ливерпул во Саудиска Арабија за 45 милиони евра

Бразилскиот играч за врска Фабињо (29) го напушти Ливерпул и кариерата ќе ја продолжи во Ал Итихад, објави саудискиот шампион.

Фабињо последните пет години ги помина во Ливерпул, а со Ал Итихад потпиша тригодишен договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финансиските детали не беа објавени, но британските медиуми објавија дека обештетувањето изнесува околу 45 милиони евра.

Бразилецот во клубот од Џеда ќе им се придружи на освојувачот на Златната топка Карим Бензема и поранешниот играч од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте.

Репрезентативецот на Бразил има 219 настапи за Ливерпул од неговото доаѓање во 2018 година и му помогна на тимот да ги освои титулите во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот и Суперкупот на УЕФА.

Во текот на кариерата играше и за Монако, Реал Мадрид, Рио Аве и Флуминенсе. За репрезентацијата на Бразил запиша 29 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…