Дома Фудбал Официјално: Чедомир Јаневски нов тренер на Олимпијакос Никозија

Официјално: Чедомир Јаневски нов тренер на Олимпијакос Никозија

Чедомир Јаневски е и официјално промовиран за нов тренер на Олимпијакос Никозија од Кипар.

За Јаневски ова ќе биде трет клуб од Кипар откако претходно работеше во Енозис Паралимини и Етникос Ахна. Со Олимпијакос Никозија Јаневски потпиша договор до крајот на сезоната.

Од Кипар поранешниот македонски селектор си замина летото кога ја прекина соработкатап оради пандемијата со коронавирусот.

Ќе потсетиме дека Јаневски беше тренер на Вардар кога црвено-црните во историската 2017 година играа групна фаза од Лигата на Европа. Во кариерата беше уште тренер-помошник во грчки Олимпијакос, тренер на Црвена Звезда, беглиски Бриж и Исмаили од Египет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…