Дома Трансфер зона Официјално: Холандскиот ветеран ја напушти Галатасарај!

Официјално: Холандскиот ветеран ја напушти Галатасарај!

Холандскиот фудбалер Весли Снајдер денес ја напушти екипата на Галатасарај во која помина три години, соопшти турскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во соопштението од Галатасарај се наведува дека Снајдер заминува и дека клубот му посакува успех во иднина.

Снајдер во Галатасарај пристигна во јануари 2013 година и од тогаш за овој клуб настапи на 122 натпревари во турскиот шампионат постигна 35 погодоци и освои две титули.

Тој во октомври 2015 година потпиша нов договор на три години, но доби дозвола да го напушти клубот пред истекот на договорот. Наводно за сега интерес покажале, неколку кинески клубови како и клубови од американската МЛС лига.

33 годишниот Снајдер во кариерата уште настапуваше за Реал и Ајакс, а во дресот на репрезентацијата на Холандија запиша 131 настап.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…