Стоперот на Манчестер Јунајтед Фил Џонс потпиша нов договор со клубот од „Олд Трафорд“.
Новиот договор на стоперот со Јунајтед ќе има важност до јуни 2023 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во последните неколку месеци многу се шпекулираше за тоа дека Џонс може да го напушти клубот, но во управата не мислеа така.
„Среќен сум што потпишав нов договор. Манчестер Јунајтед секогаш беше дел од мојот живот и тука сум веќе осум години. Возбуден сум поради предизвиците кои се пред нас, се припремаме за најважниот дел од сезоната. Би сакал да им се заблагодарам на Оле и членовите на стручниот штаб“, порача Џонс кој во клубот пристигна во 2011 година од Блекбурн.
Сега како приоритет на Јунајтед останува голманот Давид Де Геа да го продолжи договорот.
We are pleased to announce @PhilJones4 has signed a new contract with #MUFC.
Congratulations, Phil!
— Manchester United (@ManUtd) February 8, 2019